Марго Роби на премиерата на „Оркански височини“ / Фото: Инстаграм/„Оркански височини“

ФОТО | Импресивно модно парче: Марго Роби се појави на премиерата на „Органски височини“ со ѓердан на Елизабет Тејлор

Американската актерка Марго Роби се појави со навистина вредно модно парче на премиерата на филмот „Оркански височини“ (Wuthering Heights) во Лос Анџелес. Имено, холивудската ѕвезда го носеше легендарниот ѓердан „Таџ Махал“, кој некогаш ѝ припаѓаше на филмската икона Елизабет Тејлор.

Како што потврди тимот кој што го негува наследството на Тејлор, ѓерданот бил подарок од нејзиниот тогашен сопруг Ричард Бартон во 1972 година, по повод нејзиниот 40. роденден. Накитот има длабока романтична и историска симболика – дијамантот носи натпис „Љубовта е вечна“ и е поврзан со приказната за индискиот владетел Шах Џахан и неговата сопруга Мумтаз Махал, во чија чест е изграден Таџ Махал.

Фото: Инстаграм/„Оркански височини“

Марго Роби го искомбинира впечатливиот ѓердан со прилепена креација од модната куќа „Скјапарели“, со корсет од нежна тантела и драматичен црно-црвен долен дел налик на цветни ливчиња. Изгледот го надополни со дијамантски обетки по нарачка и прстен од „Фред Лејтон“.

На црвениот тепих, актерката изјави дека заедно со својот стилист Ендру Мукамал секогаш се трудат изборот на облека и накит да биде „намерен“.

Фото: Инстаграм/„Оркански височини“

„Овој ѓердан има неверојатна историја и силна романтична енергија, па совршено се вклопи со фустанот“, рече таа.

Во филмската адаптација на романот „Оркански височини“ на Емили Бронте, Роби го игра ликот на Кетрин, а актерот Џејкоб Елорди го глуми нејзиниот партнер Хитклиф.

ВИДЕО | Марго Роби најави жешки сцени во новиот филм: „Џејкоб Елорди ме остави без здив“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот