Амал и Џорџ Клуни на Филмскиот фестивал во Венеција/Фото: EPA/EFE/ETTORE FERRARI

ФОТО | Икона на стилот: Амал Клуни на Олимписките игри го најави новиот моден тренд за пролет!

Голем број познати гости пристигнаа во Милано пред церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри, меѓу кои и Амал и Џорџ Клуни. Брачната двојка Клуни присуствувала на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина пред неколку дена. Познатата адвокатка за човекови права била фотографирана во три модни изданија, последното го покажала на аеродромот во Милано со својот сопруг.

По слетувањето, ги пречекале фотографи на аеродромот во Милано, а на расположената двојка воопшто не ѝ пречело тоа.

Беспрекорно облечената Амал повторно го привлекла вниманието со своите модни избори, докажувајќи дека дури и наједноставната облека може веднаш да се воздигне со смел избор на обувки – високи чизми до колена со леопардски принт кои остануваат вечен фаворит во морето од трендови.

Амал и Џорџ Клуни во Милано/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Амал зрачела со елеганција во црно мини здолниште (1.195 долари) и блуза, врз кои облекла долг црн капут од волна и кашмир (4.390 долари), евоцирајќи доза на минималистичка естетика од 90-тите. Но, во вистински италијански стил, 48-годишната Амал му оддала почит на градот на модата со разигран избор на обувки. Носела чанта „Версаче Медуза 95“ (2.495 долари), од колекцијата за 1995 година, а црниот стајлинг го „зачинила“ со чизми со леопард дезен од модната куќа „Версаче“. Својата бујна темнокафеава коса ја стилизирала во нејзината сега позната волуменозна фризура, додека лицето ѝ било минимално нашминкано. Адвокатка го сокрила погледот зад пар големи очила за сонце, додавајќи доза на гламур на целата комбинација, додека нејзиниот сопруг, познатиот холивудски актер Џорџ Клуни, се појавил во полежерна облека – темносино палто и панталони, патики „адидас“, очила за сонце и црн шал околу вратот.

Амал и Џорџ Клуни во Милано/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Амал Клуни знае колку е моќна ретро модата и знае како да ги предвиди трендовите, па додека моменталниот тренд се тесните фармерки, таа во Милано облекла фармерки во стилот на седумдесеттите години, со што го најавила новиот моден тренд за пролет.

Амал и Џорџ Клуни во Милано/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Широките, гломазни фармерки се минато, а заменети се со крој кој ја следи линијата на телото, ја нагласува фигурата без прекумерно стеснување, за разлика од „тесниот“ модел.

Амал за Милано избрала фармерки со палто, стил кој е полежерен, но доволно елегантен. Таа ја истакнала половината со краток џемпер, а нејзините омилени очила за сонце слични на оние што ги носела поранешната прва дама на САД, Џеки Кенеди, ниту овој пат не изостанале.

Амал и Џорџ Клуни во Милано/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Сопругата на Џорџ Клуни носи фармерки на вистински начин – со потесна облека, бидејќи поширока јакна и поширока блуза би изгледале хаотично и несмасно. Таа избира шпицести чевли со потпетици, кои најдобро одговараат на овој модел фармерки. Амал избрала фармерки со вистинска должина, бидејќи не треба да се избираат оние што се премногу долги или премногу кратки.

Фармерките се најефективни во класични бои, во овој ретро модерен стил, Амал Клуни се вклопила во модното издание на својот сопруг, кој претпочита полежерен стил, дури и за црвениот тепих, каде што неговата сопруга носи најгламурозни фустани за пригодата.

Џорџ дефинитивно не е љубител на модата како Амал, но има вистинска личност покрај себе за добар совет.

ФОТО+ВИДЕО | Амал Клуни изгледа како милион долари! Поубав бел фустан не сте виделе досега!

ФОТО | Сите очи вперени во адвокатката: Амал Клуни го донесе целиот гламур во Венеција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот