Амал и Џорџ Клуни / Фото: Rich Gold / Alamy / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Амал Клуни изгледа како милион долари! Поубав бел фустан не сте виделе досега!

Амал Клуни и Џорџ Клуни се појавија вечерва на доделувањето на наградите „Кингс траст“ во Лондон. Овој пат, добро познатата двојка се потруди да покаже какви емоции ги спојуваат, за разлика од кога пристигнаа на доделувањето на наградите „Тони“ во Лос Анџелес, кога се шпекулираше дека имаат големи проблеми во бракот.

Амал Клуни пристигна на доделувањето на наградите „Кингс траст“, ​​добротворната организација на кралот Чарлс Трети, во свечен бел фустан. Познатата адвокатка е амбасадорка на ова здружение со години, а синоќа, заедно со Џорџ Клуни, се сретна со британскиот монарх.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Амал, меѓу другото, е позната и по својот вонсериски стил, поради што неретко ја нарекуваат икона на стилот.

Фустанот има едноставен крој, а едноставноста не ја уништува ниту металниот детаљ во форма на триаголник, така што таа ситница го прави модното издание многу оригинално.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gala (@galafr)


Металик чевлити на висока потпетица и чантичка во иста боја совршено го следат тој детаљ, како и белата боја на облеката, како многу ефектна комбинација.

Фризурата на Амал е со голем волумен, шминката е нагласена, а како детаљ има и очила за сонце.

Џорџ Клуни, пак, не се откажува од лежерните костуми и класичните чевли. На Клуни најмногу му се допаѓа овој стил

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amal Clooney (@amal.clooney.official)

Клуни, кои се во брак од 2016 година, се еден од најследените парови во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот