ФОТО: Ибрахимовиќ ја продолжи својата необична божиќна традиција

Златан Ибрахимовиќ повторно честиташе Божиќ со среден прст на социјалните мрежи/ фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Голем број на луѓе имаат некои свои божиќни традиции, па така и шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ.

Но, тој нема навика да се фали со празнична трпеза, украсено дрво или раскошни подароци. Играчот на Милан на социјалните мрежи споделува слики во кои се гледа како покажува среден прст.

Тој го направи истото оваа година објавувајќи фотографија од запалена свеќа во форма на тупаница на која се гледа среден прст, а на врвот е пламен.

На ваков начин со оваа фотографија на Инстаграм која предизвикува лавина реакции го честиташе Божиќ.

Едни со смеа ја сфаќаат ваквата објава, а други го критикуваат Ибра поради ваквиот непримерен потег.

Еве како Ибрахимовиќ последниве години го честиташе Божиќ на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот