ФОТО: И на 39 години Ибрахимовиќ игра во животна форма!
Златан Ибрахимовиќ и натаму ги воодушевува љубителите на фудбалот ширум Европа и светот..
Швеѓанецот има 39 години, но тоа не го спречува да биде најдобар стрелец моментно во Серија А со седум постигнати голови.
Ветеранот исто така мораше да се опорави од коронавирусот, па успешно се врати во средината на октомври, што беше повеќе од доволно за да ја освои наградата за најдобар играч во Серија А (МВП) за минатиот месец.
@Ibra_official is the October #SerieATIM MVP! ??
• Not a single offensive 1vs1 lost
• Physical efficiency index: 92%
• Technical efficiency index: 96%
• K-pass: 94%https://t.co/8B8ip2vanH#WeAreCalcio pic.twitter.com/SDHPXDHDDF— Lega Serie A (@SerieA_EN) November 6, 2020
Одигра два натпревари во Калчото, постигна четири гола, по два против Интер и Рома. Покрај тоа, тој не загуби ниту еден дуел, што покажува во каква форма е Ибрахимовиќ.
И покрај тоа што во четвртокот „росонерите“ беа убедливо поразени во Лига Европа, фановите се надеваат дека ќе продолжи одличната форма на Ибра и во наредните мечеви сезонава.