ФОТО: Гори кај Општина Чашка, директорот на ЦУК смирува, ситуацијата е под контрола

Во моментов гори во велешкиот регион поточно во близина на селата Оризари, Клоковец и Сливник.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вели дека е запознаен со ситуацијата и дека пожарот е локализиран, но најверојатно хеликоптери ќе бидат испратени изутрина.

Ангелов појаснува дека огнот е далеку од селата и граѓаните се безбедни. Тој е во постојана комуникација со градоначалникот на Општина Чашка кој преку велешката противпожарна се обидува да интервенираат.

„Пожарот е далеку од селата. Доколку ноќва не се стабилизира изутрина ќе интервенираме со хеликоптери, велидиректорот на ЦУК, Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот