ФОТО | Георгина ужива со Роналдо на вечера: Сите ги забележаа нејзините усни

Фото: Instagram/Georgina Rodríguez

Иако со месеци се шпекулира за проблемите меѓу познатиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата вереница Георгина Рудригез, парот се обидува да ги спречи тие гласини и да покаже дека меѓу нив сѐ уште има љубов.

Така во својата последна објава на Инстаграм, Георгина сподели серија фотографии направени за време на романтична вечера со Роналдо.

„Мојата прекрасна љубов“, напиша таа покрај објавата која собра четири милиони лајкови.

Фото: Инстаграм/ Georgina Rodríguez

Стотици следбеници го пофалија парот и им дадоа комплименти за нивниот изглед, но имаше и такви кои забележаа промена на лицето на Георгина.

„Усни полни ботокс“, „Што направи со усните“, „Дали и таа мораше да го прави тоа“, се дел од коментарите.

Георгина никогаш јавно не признала дека направила естетска операција на лицето или телото.

Фото: Инстаграм/ Georgina Rodríguez

„Преку глава му е од неа“: Кристијано Роналдо и Георгина Родригез имаат криза во врската?

ВИДЕО | Георгина го израдува Роналдо со „Ролс Ројс“ од половина милион долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот