ФФМ се грижи за здравјето на фудбалерите/фото: ФФМ

ФОТО: ФФМ донираше дефибрилатори за сите 16 клубови од Втората фудбалска лига

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел подобрување на условите во делот на медицинските тимови на клубовите од МФЛ и посветувајќи грижа за здравјето на фудбалерите и учесниците на натпреварите од домашниот шампионат, донираше дефибрилатори за сите, шеснаесет екипи, од Втора МФЛ.

Тимовите од Прва МФЛ преку нашата федерација, во текот на ланската натпреварувачка сезона добија автоматизирани дефибрилатори, а нивните лекарски тимови ги следеа едукативните програми за реанимација и употребата на дефибрилатори меѓу лекарите, тренерите и играчите.

Срцевиот удар е можеби една од главните причина за смрт кај фудбалерите на теренот, а редовните прегледи на срцето и соодветните мерки за прва помош (како што е итна реанимација и употреба на дефибрилатор) можат да помогнат да се спречи смрт од срцеви проблеми.

фото: ФФМ

ФИФА користи свои регистар за ненадејни смртни случаи, а пред неколку години, исто така, започна кампања за ненадејна срцева слабост за да го подобри нивото на едукација за пружање прва помош кај фудбалерите и љубителите на фудбалот на стадионите.

– Знаеме дека ненадејниот срцев удар може да се случи насекаде, па и на фудбалските терени и затоа сметаме дека е неопходно тимовите да бидат снабдени со потребните автоматски дефибрилатори. Освен тоа, на лицата задолжени за лекарска помош во клубовите, нашата федерација им овозможи едукација за реанимација и итна интервенција со употреба на донираните дефибрилатори – вели Невзат Јонузи, претседавач на Комисија за медицина и антидопинг во ФФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот