Меган Фокс и Машин Ган Кели / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ФОТО | Есктремната диета на Машин Ган Кели ја шокираше јавноста: Дали знаете колку пати јаде неделно?!

Најекстремните диети во Холивуд одамна ги држат Гвинет Палтроу и Викторија Бекам. Додека Гвинет јаде само говедски бујон и свеж зеленчук, Викторија секогаш го јаде истото јадење: бела риба и готвен зеленчук со малку авокадо.

Меѓутоа, светот е шокиран од диетата на музичарот Машин Ган Кели, поранешниот свршеник на актерката Меган Фокс.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mgk (@machinegunkelly)


Музичарот неодамна пред камерите изел бургер и признал дека тоа му бил првиот оброк по неколку дена. Машин Ган Кели раскажал дека јаде само еднаш во неколку дена, а остатокот од времето пие многу вода, пишува „Е! Онлајн“.

Тој вели дека диетата на вода ги плакне корисните микроорганизмите од желудникот, па се обидува да го надомести нивното отсуство со помош на производи со пребиотици – супа од шупливи коски и кисела зелка.

„Понекогаш пијам и сок од целер или кокосова вода. Дали ми се врти во глава од тоа? Се случува“, признал Машин Ган Кели.

Истовремено, музичарот не може да се нарече љубител на здравиот начин на живот, бидејќи понекогаш консумира кафе и цигари.

„Ова е многу опасно“, „Денес дознав дека Машин Ган Кели има нарушување во исхраната“, „Вака себеси ќе се доведеш до анорексија“, почнале да пишуваат загрижените обожаватели.

Машин Ган Кели е американски рок музичар и рапер, кој се испробува и како актер. Музичката кариера ја започна во 2006 година снимајќи музика во своето домашно студио, а голема популарност стекна откако го објавил албумот „Hotel Diablo“. Ричард Колсон Бејкер (вистинското име на уметникот) стана познат и по бурниот приватен живот. Неговата прва голема љубов била Ема Кенон, негова пријателка од детството. Во 2009 година добиле ќерка. Во 2015 година имал кратка, но интензивна романса со манекенката и актерката Амбер Роуз, а потоа бил во врска и со пејачката Хелси.

Потоа, на снимањето на филмот „Полноќ во житни полиња“, Кели ја запознал Меган Фокс и така започна една од најскандалозните љубовните приказни во шоубизност. Еднаш актерката признала дека таа и нејзиниот сакан чувствуваат посебно единство еден со друг, па одлучиле да спроведуваат посебен ритуал за да останат заедно засекогаш. На тајната церемонија, ѕвездите пиеле по неколку капки од крвта на другиот. Во март 2025 година, Меган Фокс доби ќерка со Машин Ган Кели, но дотогаш веќе беа раскинати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mgk (@machinegunkelly)

Машин Ган Кели ги демантира гласините за името на девојчето што го добија со Меган Фокс: „Нашата ќерка нема да се вика така“

ФОТО | Непрепознатлив: Машин Ган Кели го промени имиџот откако се раздели од Меган Фокс, не личи на себе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот