ФОТО | Eлмас во идеалниот тим на екс-ју играчи за 2023 година, Димитриевски резерва

Фото: EPA-EFE/MICHELE

На крајот на 2023-та година како и секоја година се избираат најдобрите во годината која изминува, така сега е составен идеален тим од некогашната Југославија кои ја одбележиле годината.

Претставник од Македонија во идеалните 11 е само Елиф Елмас, додека Столе Димитриевски кој брани во фантастична форма за Рајо Ваљекано е помеѓу резервите.

Пред Димитриевски место доби голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Пред Облак се Гвардиол и Савиќ, а по страничните позиции Костиќ и Дедиќ. Елмас е на левата страна во средниот ред, Ковачиќ и Модриќ во средината, а Брозовиќ по десната страна.

Местото во нападот им припадна на Александар Митровиоќ и Един Џеко.

Резерви: Димитриевски, Соса, Станишиќ, Шутало, Рахмани, Павловиќ, Тадиќ, С.М. Савиќ, Перишиќ, Шешко, Влаховиќ.

Фото: Screenshot

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот