ФОТО: Еден загинат возач во страотната сообраќајка утрово кај Тајмишка раскрсница, се судрија камион и Хјундаи
Марина Дамческа
Пред
Рано утрово во 06.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Mан”, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи”, со скопски регистарски ознаки, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Сообраќајка кај село Тајмиште/Фото: Слободен печат/Милорад Стојмановски
-На местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи”, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје, соопшти Димовски во изјава за Слободен печат.
Сообраќајка кај село Тајмиште/Фото: Слободен печат/Милорад Стојмановски
Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.
Сообраќајка кај село Тајмиште/Фото: Слободен печат/Милорад Стојмановски
Поради сообраќајката утрово со часови беа блокирани стотици возила на патниот правец Кичево – Гостивар, а поради увидот сообраќајот беше во прекин од 7.30 часот, соопшти АМСМ, по што околу 9 часот се одвиваше отежнато, по една сообраќајна лента.
Сообраќајка кај село Тајмиште/Фото: Слободен печат/Милорад Стојмановски
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Уставниот суд немаше мнозинство да одлучува дали ќе поведе постапка по иницијативата на политичките партии Левица и Демократи кои ја оспоруваат уставноста на Изборниот законик во делот на платеното политичко рекламирање. Судијата Осман Кадриу како известител предложи да се поведе постапка и да се оценуваат одредбите од Изборниот законик, но не доби мнозинство, односно немаше …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Вимблдон: Костјук ја елиминираше Паолини и закажа полуфинале против Носкова 2 Крај на една ера во Британија: „Фолксваген“ го повлече „голфот“ со дизел-мотор од земјата 3 ФОТО | Легендарниот Ентони Хопкинс и на …