Фото: Инстаграм/Логан Пол

ФОТО | „Доаѓа уште еден Пол“: Јутјуберот Логан Пол го очекува своето прво дете со манекенката Нина Агдал

Американскиот јутјубер и професионален борач Логан Пол (29) го очекува своето прво дете со неговата свршеница, данската манекенка Нина Агдал (32).

Двојката ја потврди среќната вест на социјалните мрежи.

„Есенва доаѓа уште еден Пол“, напишаа во описот на објавата.

Фото: Инстаграм/Логан Пол

Логан и Агдал се верија минатата година во Италија.

„Се верив со мојата најдобра пријателка“, напиша тогаш 29-годишниот јутјубер во описот на објавата на социјалната мрежа.

Тие се запознале на еден настан во Њујорк, а во врска се околу две години.

Инаку, Логан Пол има повеќе од 23,5 милиони следбеници на неговиот канал на Јутјуб. Тој беше рангиран на листата на „Форбс“ за најплатени креатори на Јутјуб во 2017, 2018 и 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот