Дел од кампањата на Данците/Фото: Скриншот

ФОТО | Данците го „тролаат“ Трамп поради Гренланд: Ајде да ја купиме Калифорнија

Покрај силните политички изјави и дипломатската заднина во однос на аспирациите на Трамп за Гренланд, Данците решија да го „тролаат“ (провоцираат) американскиот претседател барајќи да ја купат, токму Калифорнија.

Во последните часови на интернет кружи сатирична петиција насловена „Калифорнија да стане повторно голема“, која од вторник попладне веќе собра над 200.000 потписи.

„Дали некогаш сте ја погледнале мапата и сте помислиле: „Што ѝ треба на Данска? Повеќе сонце, палми и ролерки?“ Па, имаме можност еднаш во животот да го направиме овој сон реалност. Ајде да ја купиме Калифорнија од Доналд Трамп“, се вели во петицијата.

„Да, добро слушнавте. Калифорнија може да биде наша и ни треба вашата помош за да го оствариме тоа“, се наведува на веб-страницата со оналајн петицијата.

Всушност, данските холивудски ѕвезди како Ларс Улрих од Металика и ѕвездата од „Господар на прстените“ Виго Мортенсен – даваат аргументи за Калифорнија да стане „Нова Данска“.

„Огромниот план“ за преземање на сончевата американска држава предлага Данците да ја купат Калифорнија за 1 трилион долари и „залихи на дански колачи“, што пак е многу помалку од БДП од 4 трилиони долари на Калифорнија во 2024 година.

Данците исто така планираат да ги испратат своите најдобри преговарачи: директорите на „Лего“ и актерската екипа од серијата „Борген“.

-Ќе донесеме „hygge“ (слободно време за себе) во Холивуд, велосипедски патеки во Беверли Хилс и органски „smørrebrød“ (леб со путер) на секој агол на улицата (наместо американски хот-дог, ќе спроведеме владеење на правото, универзална здравствена заштита и политика заснована на факти“, продолжува петицијата за референдумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот