ФОТО | „Дали е сè во ред дома?“: Креативен татко одговара со комични фотографии

кени деус
Фото: Instagram

Секој родител додека е на работа или е излезен надвор од домот знае колку „олеснува“ кога партнерот ќе ви одговори на прашањето „Дали е сè во ред дома?“.

Белгијците Кени Деус и неговата девојка и мајка на неговите ќерки, отсекогаш имале малку хумористичен пристап и кон нивната врска и кон родителството воопшто.

Секогаш кога е дома со неговите две ќерки, а неговата девојка која е отсутна, постојано му испраќала порака на својот партнер за да провери дали е сè во ред.

Така, креативниот татко смислил една брилијантна идеја. Тој започнал да си „игра“ во фотошоп и да ѝ одговара на својата партнерка со фотографии. На фотографиите најчесто се тој и неговите ќерки во најразлични, опасни, авантуристички и комични ситуации.

Со текот на времето, Кени започнал да ги објавува фотографиите на социјалната мрежа „Инстаграм“ и веќе има над 280.000 следбеници кои со нетрпение ги очекуваат неговите нови ремек-дела.

„Потребно е многу време за да се направат повеќето фотографии. Сакам да изгледаат што е можно пореалистично. Тоа значи дека треба да одиме на одредено место и да користиме вистински предмети. Понекогаш морам да ја сменам позадината или да додадам некој предмет, но резултатот изгледа лажен“, открил Кени за „Bored Panda“.

Тој тврди дека најлесно му е да ги уредува фотографиите што може да ги направи дома.

„Но, и тоа е предизвик затоа што моите ќерки се премногу мали за да го разберат концептот. Тие се секогаш разиграни, па понекогаш не сакаат да соработуваат“, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот