Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

ФОТО| Брижит Макрон и Доналд Трамп не го испочитуваа кодексот на облекување на погребот на папата Франциск

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика низа на критики откако не го испоччитува пропишаниот кодекс на облекување на погребот на папата Франциск во Ватикан.

Брижит (72), му се придружи на својот сопруг, францускиот претседател Емануел Макрон, како и на светските лидери, свештеници и владетели на плоштадот „Свети Петар“, каде што денес се одржа погребот на папата Франциск.

Додека од мажите на погребот било побарано да носат темно одело со долга црна вратоврска и бела кошула, на жените им била понудена опција да носат скромен црн фустан до колена или формален црн костум.

Исто така, според кодексот за облекување за погребот на папата, жените морале да носат црн шал, марама или превез – како што тоа го направија Меланија Трамп, кралицата Летиција од Шпанија, поранешната прва дама на САД Џил Бајден и принцезата Мете-Марит од Норвешка.

Сепак, Бриџит и покрај пропишаниот кодекс на облекување, одлучи да не ја покрие главата.

Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Слично на тоа, ниту сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска, ниту италијанската премиерка Џорџа Мелони, кој носеше црно одело, не носеа црни превези за време на службата во базиликата „Свети Петар“.

Освен правилото за покривање на главата, сите три дами се придржуваа до другите упатства за облекување издадени од Ватикан за да обезбедат достоинствено присуство на погребот на папата, кој почина на Велигден.

Критикуван беше и Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, се соочи со низа критики за изборот на темносино одело за погребот, иако од сите се очекуваше да носат црно.

Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот