(ФОТО) Близу 30.000 пиротехнички средства запленети во Гостивар, Штип и Битола

Попладнево околу 12 часот на улиците „Борче Јовановски” и „Браќа Ѓиновски” во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.А.(48) од Гостивар, затоа што во возило „опел мерива” му биле пронајдени и одземени 4800 пиротехнички средства и 35-годишниот гостиварец С.К., од кого биле одземени 1835 пиротехнички средства, соопштија од МВР.

– Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Исто така, денеска, полициски службеници од Одделението за крим полиција – отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола заедно со полициски службеници од Полицискаа станица од општа надлежност Битола од Н.Ш(57 )од Битола одзедоа 6939 парчиња пиротехнички средства, а Н.Ш. е лишен од слобода.

Од МВР информираат и дека денеска полициски службеници од СВР Штип, по добиени оперативни созаннија, при преглед на возило управувано од А.Ф.(52) од Штип, пронајдоа и одзедоа 2900 парчиња пиротехнички средства. Дополнително се преземени мерки и во врска со случајот се пронајдени и одземени 12.544 парчиња пиротехнички средства. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот