ФОТО | Бизарен случај: Жена 56 години носела фетус во стомакот, отишла на операција и починала

Фото: Printskrin Tviter X RLC Noticias

Даниела Вера (81) од Бразил се пожалила на болки во стомакот неколку недели пред посетата на лекар, а медицинските експерти долго време не успеале да го откријат калцифицираниот фетус. Таа починала по операцијата за отстранување на мртвиот фетус што го носела 56 години.

Даниела, која живее во градот Арал Мореира во близина на границата со Парагвај, ја посетила клиниката на 10 март и добила третман за лекување на уринарна инфекција, наведува бразилската новинска агенција Г1.

Вера, која имала седум деца и 40 внуци, им рекла на лекарите дека е загрижена дека има „маса“ во стомакот, а тестирањето не покажало калцифициран фетус.

Следниот ден добила упат за дополнително лекување во регионалната болница Понта Пора, каде со 3Д снимање ѝ била дијагностицирана литопедија, ретка нуспојава од вонматерична бременост, пренесува „Дејли мејл“.

 


Бидејќи фетусот починал во текот на бременоста на Вера, нејзиното тело не го апсорбирало повторно. Наместо тоа, фетусот се задржал во стомачната празнина и околу него се формирала обвивка (лушпа) од калциум.

Вера добила лекови за лекување на уринарна инфекција, бидејќи нејзината состојба се влошила и на 14 март ѝ била извршена операција за отстранување на фетусот.

Таа била сместена на интензивна нега и починала на 15 март.

Д-р Патрик Дезир, кој раководи со здравственото одделение на Понта Пора, рекол дека смртта на Вера била предизвикана од инфекција.

– Кога доаѓа до бременост, таа мора да биде внатре во матката, но во некои ситуации бременоста може да се случи и надвор. Тоа бебе не е клинички дијагностицирано, пациентката немала акутни болки и немала поголемо крвавење и оваа дијагноза останува незабележана и времето би се погрижило за тоа туѓо тело што останало во стомакот на жената – рекол Дезир.

Фото: Printskrin / Jutjub / RLC Noticias

Според Националниот институт за здравје, повеќето пациенти со вакви случаи немаат симптоми и состојбата се открива кога се нарачуваат рендгенски снимки.

Семејството на Вера рекло дека таа првично избегнувала да побара лекарска помош, бидејќи била исплашена и наместо тоа се одлучила за традиционална медицина.

– Таа беше стара, а ние сме староседелци, не сакаше да оди на лекар, се плашеше од опремата за тестирање – рекла нејзината 21-годишна ќерка Розли Алмеида.

Алмеида, најмладата од седумте деца, открила дека Вера се жалела на болки и проблеми уште од првата бременост кога била тинејџерка.

– Зборуваше дека уште од нејзината прва бременост се чувствувала како бебето да се движи во нејзиниот стомак и понекогаш ѝ се слошувало, но никогаш не се посомневавме дека тоа е во прашање. Тоа било уште од нејзината прва бременост – рекла Алмеида.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот