Един Џеко со убавата сопруга Амра/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Бакнежот за кој сите зборуваат: Един Џеко ја прослави победата на БиХ над Италија во прегратка на прекрасната сопруга

По големиот триумф на репрезентацијата на Босна и Херцеговина против Италија и пласманот на Светското првенство во фудбал, легендарниот капитен на Змејовите Един Џеко истрча да ја прослави победата во прегратка на својата сопруга Амра Џеко. Двојката беше снимена во моментот на бакнежот, а фотографијата стана вирална на социјалните мрежи.

Бакнежот на Един Џеко и Амра по победата на БиХ над Италија/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Славниот босански фудбалер во еден момент му се придружи на целото семејство на трибините на стадионот во Зеница, а Амра пред натпреварот сподели фотографија од нивните деца на Инстаграм.

И српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ навиваше за нив на трибините во Зеница.

Инаку, Един и Амра Џеко се сопственици на луксузна вила во Дубровник, а во брак се од 2016 година. Среќната двојка има четири деца – Уна, Данија, Далија и Хана, а Амра од првиот брак ја има и ќерката Софија. За Амра јавноста дозна уште во 2012 година, а Един и таа на почетокот ја криеле својата врска.

Един Џеко и Амра се венчаа пред 10 години/Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

Амра Џеко, пред врската со Един, како актерка и манекенка од Сараево, се преселила во Лос Анџелес, со намера да изгради кариера таму. Но, кога се разгорела љубовта со Един, сите тие амбиции паднале во втор план, а таа одлучила  да го следи своето срце. Амра ја напуштила Америка и со Џеко отишла во Италија.

Един и Амра Џеко/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Амра и Един се сопственици на ресторанот „Еза“ во Дубровник, кој е многу успешен, од каде што убавата сопруга на фудбалерот често објавува интересни објави. Освен во ресторанот во Дубровник, Џеко инвестирал и во бизнисот со недвижности во Грљевац, во Подстрана. Таму, заедно со својот кум Сенијад Ибричиќ, инвестирал во проектот на две луксузни, каскадни згради со раскошни градини, каде што станови купиле, меѓу другите, и богати и успешни луѓе од Босна и Херцеговина.

Амра Џеко/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | БиХ не спиеше ноќеска – се славеше пласманот на Светското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот