ФОТО | Aндреа оди на Евровизија 2022 во Торино: Ќе правиме победничко интервју!

Андреа/Printscreen
Андреа/Printscreen

Вчера во емисијата „Стисни плеј“ се емитуваше специјално издание во кое се избираше македонскиот претставник за Евровизија 2022.

Во трка беа шест кандидати, меѓу кои – Виктор Апостоловски, Калина Велковска, Лара Иванова, Јон Ајди, Ris Flower и Андреа Коевска

„ФОТО | „Circles“ ќе се пее во Торино: Андреа е победничката на Националниот избор за песна на Евровизија!“

Со најголем број гласови од стручното жири, покрај гласовите од онлајн гласањето, Андреа официјално е нашиот овогодишен претставник на Евровизија и ќе оди на изборот во Торино, Италија.

Андреа ќе се претстави со песната „Circles“, дело на Александар Масевски.

Кратко по прогласувањето на победата, Андреа се огласи на социјалните мрежи и се заблагодари за сета поддршка што ја добива изминативе две недели и признава дека оваа шанса за неа е голема одговорност.

„Слободен печат“ пред неколку дена објави разговор со Андреа во кој таа отворено посакуваше победа, а во кусата изјава вчера кога  ѝ честитавме преку Инстаграм, ни напиша:

„Одимееее! Ќе правиме победничко интервју!

Ова е толку нереално, лудо. Уште го процесирам. Имам спиено вкупно 2 часа… Но сум полна со енергија! Многу сакав да победам – одиме! Ова беше најпријатното изненадување за мене!“

Ти посакуваме успех, Андреа!

Разговор со Андреа во пресрет на Евровизија: Кога веруваш во себе и својата песна, тоа е доволно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот