ФОТО | Александра Шијакоска од болница: Операцијата заврши

Александра Шијакоска / Фото: Инстаграм, Александра Шијакоска

Македонската модна блогерка Александра Шијакоска неодамна ја извести јавноста дека ѝ откриле тумор на главата и дека поради нејзината здравствена состојба нема да биде присутна на социјалните мрежи каде има нешто повеќе од 50 илјади следбеници.

„Сѐ се случува со причина и никогаш не треба да се сомневате во одлуките и изборите кои ги направил Господ за вас. Дури ни во најлошите кошмари, никогаш не замислував дека еве ќе дојде до оваа точка, но. Ми открија тумор на главата и ме чека операција, која е покомплексна во однос на тоа каде е поставен туморот и колку е тешко да се извади. Дали се плашам? Не. Дали ми е тешко? Многу“, раскажа таа во своето обраќање на Инстаграм.

Но, денес таа ги израдува своите следбеници со прекрасна вест.

„Само да ве известам дека операцијата помина во најдобар ред, закрепнувам полека, чекам уште некои резултати и испитувања. Не се грижете, најлошото е позади мене. Благодарност до сите кои помогнаа и се понудија да помогнат, никогаш нема да заборавам – ни јас, ни Господ“, напиша блогерката на Инстаграм.

Фото: Инстаграм, Александра Шијакоска

„Тука сум осум дена, првите неколку не личев на себе. Лицето ми беше искривено, говорот сменет, беспомошна бев. Чекав малку да се опоравам за да ве известам. Дефинитивно, најтешката животна лекција која не му ја посакувам на никој, да си свесен дека утре може нема да го дочекаш денот. Јас сум убедена дека сѐ се случува со причина. Мене животот ми даде уште една шанса да живеам и да се разбудам со сѐ функционално после операцијата. Ќе ја оправдам таа шанса. Не го земајте животот здраво за готово, во еден момент може да ви се смени цел тек на настаните“, стои во нејзината последна сторија на Инстаграм.

Фото: Инстаграм, Александра Шијакоска

Александра, ти посакуваме поскоро закрепнување!

ФОТО | Александра Шијакоска го прослави својот 29ти роденден: Нека помине операцијата, ќе пишуваме книга заедно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот