ФОТО | Александра Шијакоска го прослави својот 29ти роденден: Нека помине операцијата, ќе пишуваме книга заедно!

Александра Шијакоска/Инстаграм
Александра Шијакоска/Инстаграм

Македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска, која неодамна објави дека се соочува со дијагностициран тумор на мозокот и се подготвува за операција, порано го прослави својот 29ти роденден.

Таа сподели емотивна порака со фотографии на својот инстаграм-профил, во кој е облечена во бело и држи балони во раката, а во објавата искрено проговори како се чувствува и дека сево ова има причина зошто го поминува.

„Пред две години ја читав “Пиреј” и ми остана во главата. Ние луѓето не сме свесни за силата која ја имаме дури не ни тропне на врата тоа од кое најмногу се плашиме. Мене многу од работите кои ме плашат ми се случија во една година, но измеѓу имаше и многу среќни моменти. Се трудам да се фокусирам на тие среќни моменти и со нив во глава со цела сила да се подготва мза операција. Да ми кажеше некој дека на 29 години ќе се борам со тумор наместо да шетам низ светот, да се радувам со пријателите и саканите или да гледам деца ќе му се изнасмеев. По неколку дена плачење и прашување зошто јас, имав време да размислам за сите случувања во мојот живот. Господ ме спремал за ова ме челичел, а јас го знаев тоа, го чувствував. Не сакав ни да го прославам роденденот ни да се сликам ни да ме гледа некој. Сакав да го преспијам периодот до операцијата, ама време е да научам да живеам ДЕНЕС, а не да чекам да се случи нешто. Знам дека се ќе биде добро. После ова пишуваме книга заедно. Јас ќе раскажувам, а некој добар пишувач ќе пишува. Фала ви на сите за грижата и убавите мисли, ми изгледаше нефер да не ве известам што се случува со мене. Јас сум добро и се спремам за операцијата која е закажана во текот на наредната недела. ♥️ Вака-така истуркавме до 29.“ – напиша таа.

Ти посакуваме среќа Александра и добро здравје. Среќен роденден!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот