Формација за гранична и крајбрежна стража на Балканот: ЕУ во јануари за првпат ќе распореди постојана униформираа единица на надворешните граници

EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Европската унија (ЕУ) од наредниот месец за првпат ќе распореди постојана униформирана единица за чување на надворешните граници, вклучувајќи ги и оние на Балканот, наречена Постојани сили за гранична и крајбрежна стража.

Според порталот Балканска безбедносна мрежа, првата група од 260 припадници на постојаните сили ги завршила подготовките во Полска, а обуката на втората група започна во октомври во Бари и ќе трае шест месеци.

Во текот на 2021 година, таа единица ќе брои околу 700 лица од цела ЕУ со задача за потврдување на идентитетот, да дадат одобрување или забрана за влез во ЕУ, да патролираат на границата, да пребаруваат и да спасуваат, да се борат против прекуграничен криминал и да разменуваат податоци.

Во 2019 година, повеќе од 7.000 полицајци од цела Европа, меѓу кои од Хрватска, од Унгарија, од Романија и од Бугарија, се пријавија на конкурсот за таа формација.

– Овие сили ќе овозможат на ЕУ да реагира брзо и да ја испрати единицата во кризната област без да се чекаат полициски контингенти од одделни земји-членки. Потребата за ваква единица ја покажа и граничната криза во Грција во март во 2020 година, се вели во текстот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот