ФК Вардар за недоразбирањата околу соработката со турскиот Бешикташ

Вардар им се заблагодарува на сите добронамерни, потврдувајки ја зацртаната цел на клубот за враќањето на старите позиции/Фото: fkvardar.mk

Фудбалскиот клуб Вардар денеска објави соопштение до јавноста дека споменатата средба со Бајрам Билим, шефот на скаутската служба на турскиот актуелен шампион Бешикташ беше одржана и воспоставените контакти официјализирани, за можна натамошна соработката.

Во продолжение целото соопштение на ФК Вардар до јавноста:

– Заради недоразбирањата околу соработката на ФК Вардар со турскиот Бешикташ, должни сме да ја известиме јавноста дека споменатата средба со Бајрам Билим, шефот на скаутската служба на турскиот актуелен првак, беше одржана и воспоставените контакти официјализирани, за можна натамошна соработка. Без оглед на сегашната состојба и позиции, Вардар е македонска фудбалска и спортска гордост, извориште на плејада извонредни фудбалери низ изминатите децении, за да може да си дозволи со лажни информации да го привлекува вниманието на јавноста.

Објавеното се покажа дека е точно а демантот за вистинитоста е поткрепен (во желба за оправдување) со контра демант од таборот на Бешикташ, кој денес преку својата официјална страна ја потврди средбата и контактите за соработка. Некаде скинатата алка на синџирот на медиумскиот тим на Бешикташ придонесе реакции и во македонските медиуми, создавајки сомнеж во функционалноста на нашите структури.

На овој начин фудбалскиот клуб Вардар им се заблагодарува на сите добронамерни, потврдувајки ја зацртаната цел на клубот за враќањето на старите позиции и уште повисоки дострели меѓу кои спаѓаат и ваков вид на официјални соработки со големи Европски клубови, каде секако спаѓа и оваа со Бешикташ – стои во соопштението на ФК Вардар.

Турскиот гигант Бешикташ демантира соработка со ФК Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот