Турскиот гигант Бешикташ демантира соработка со ФК Вардар

Скопските „црвено-црни“ се вратија од негатива против ФК Пелистер/фото: фејсбук/ФК Вардар

Претходно фудбалскиот клуб Вардар ја информираше јавноста дека шефот на скаутинг службата на фудбалскиот гигант од Турција Бешикташ, Бајрам Билим го посети фудбалскиот клуб Вардар.

Воедно Билим оствари средба со раководството на клубот, на која се договори долгогодишна соработка помеѓу двата клуба.

Но, сега доаѓаат нови информации, односно од турска страна се вели дека нема никаква соработка.

Ова го објави Бешикташ на својата официјална веб страница:

– Веста во медиумите дека е потпишан договор за соработка помеѓу нашиот клуб и македонскиот клуб Вардар не е вистинита. Љубезно ги молиме нашите фанови да не им веруваат во таквите вести – пренесуваат од турскиот клуб Бешикташ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот