ФК Ренова: Што ќе се случи доколку има позитивен играч на Ковид-19?

фото: фејсбук

Прволигашкиот клуб од Џепчиште вели дека нема услови за продолжување на сезоната, но ја почитуваат одлуката на првите луѓе на мак фудбалот.

Денеска Фудбалската федерација на Македонија одлучи да продолжи Првата лига со плејоф и без испаѓање. Веднаш после таквата објава од ФФМ се огласи фудбалскиот прволигашки клуб Ренова на социјалните мрежи со соопштение до јавноста.

Популарните „гипсари“ сметаат дека нема услови за продолжување на сезоната, но ја почитуваат одлуката на првите луѓе на мак фудбалот.

Табелата во Првата македонска фудбалска лига до прекинот на сезоната:

1.Вардар 46 бодови
2.Силекс 36
3.Шкендија 35
4.Ренова 31
5.Шкупи 29
6.Македонија ЃП 29
7.Академија Пандев 28
8.Работнички 28
9.Борец 27
10.Струга Трим Лум 25

Вкипата од Џепчиште вели дека после ваква долга пауза доаѓаат повредите, а пример е Бундеслигата каде што после само едно одиграно коло имаше девет сериозни повреди.

Играчите во овој случај се третираат како „робови“. Има ли тренер кој може да го подготви тимот за лигашки мечеви со само 11 групни тренинзи. На високи температури во јули мораме да одиграме девет натпревари во шампионатот и уште два во Купот.

Сакаме да му поставиме неколку прашања на комесарот за натпреварување кој сака да го оправда системот со плејаут без испаѓање, а истиот беше против ваквата идеја на првиот состанок со клубовите на 18 мај.

Со цел да нема дупки во законот и нечисти игри кога ќе продолжи првенството, го прашуваме комесарот:

– Што ќе се случи доколку има позитивен играч на Ковид-19? Епидемиологот на вториот состанок најави дека тоа би значело прекинување на сезоната.

– Што доколку некој клуб после еден или два натпревари е на посакуваната позиција на табелата, па се појави позитивен фудбалер само за да го запре шампионатот..

– Кој е протоколот за доаѓање на странските играчи, бидејќи мерките се 14 дена во изолација, а сакаме тие играчи да ги имаме на тренинг..

– За што ќе играат четирите екипи во плејаут, овие натпревари ќе покренат многу сомнежи?!

– Земајќи ги предвид условите на клубовите, кажете ни може ли некој од точка до точка да го почитува протоколот подготвен од ФФМ?!

Ова се само дел од големиот број на прашања, со многу неизвесност во оваа ситуација. Се надеваме дека на крајот ќе победи фудбалот, а не нечистите игри –

ФК Ренова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот