ФК Преспа реагира за натпреварот со Шкендија Арачиново: Противничкиот тренер пет пати влезе на терен
Екипата на Преспа која вчера беше поразена од Шкендија Арачиново со 4-1 на теренот во Сингелиќ реагираше на случувањата во овој натпревар.
Препорачано
Луѓето од таборот на гостите во соопштението на социјалните мрежи се пожаија на однесувањето на тренерот на Шкендија Арачиново, Љупчо Марковски – Калц за кого како што велат повеќе пати влегол на теренот и не бил санкциониран.
Исто така потенцираат дека дуелот бил сниман од земја со што било оневозможено да се анализираат одредени спорни ситуации.
„ФК ПРЕСПА – секогаш и секаде игра спортски и фер, сите утакмици одиграни на домашен терен беа фер и коректни без никаков проблем.
Меѓу другите и со вчерашниот противник кој од Ресен си замина со победа од 0-3. Сосема заслужено. Меѓутоа она што се случуваше вчера во последните десет минути при резултат 1-1 е тема за анализа на луѓето од федерација. Не сакаме да помислиме што би се десило ако резултатот останеше таков до крајот. Крајно сме разочарани, посебно од тренерот на домашната екипа Љупчо Марковски – Калц кој пет пати влезе на терен без никаква санкција од официјалните лица. Наш играч паднат на терен, наместо спортски да ја исфрлат топката во аут, тој ги советува да продолжат да играат.
Во последните минути од утакмицата на клупата на домаќините од никаде се појавија многу лица кои немаа никакви обележја на себе, а за четвртиот судија важно било што гостите немале исти такви. И на крај, како може во пропозициите за настапите на екипите во 2МФЛ да постои член каде точно е наведено од каде и како треба да се снимаат утакмиците? Како се дозволува да се снимаат од земја? Како да процениме неколку спорни ситуации со тој начин на снимање?
ФК ПРЕСПА ќе продолжи спортски да се бори до крај. Сме постоеле и ќе постоиме уште толку, 107 години традиција, верност и љубов кон клубот ќе продолжат“, соти во соопштението.
Ќе потсетиме, теренот на клубот од Арачиново е суспендиран од страна на Фудбалската федерација на Македонија поради проблемите кои настанаа во дуелот со Брегалница во првиот дел од сезоната.
ВИДЕО | Скандал на дербито во Втора лига: Редар шутна фудбалер на Брегалница


