Фитнес клуб во Скопје работел и покрај забраната

Фото: МВР

МВР информира дека вчера, по претходна пријава, полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје извршиле контрола во фитнес клуб на бул. „Партизански одреди” во Скопје, при што било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати сопственикот Ф.Б.(35) од Скопје и уште шест лица.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот