Фирмино донел одлука и го известил Клоп – сака да си замине од Ливерпул!

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Роберто Фирмино донел одлука на крајот од сезоната да го напушти Ливерпул и тоа му го соопштил на Клоп, објави новинарот на „Скај Спорт“’, Флорија Плетенберг.

Плетенберг пишува дека Фирмино разговарал со германскиот стратег и го известил за својата желба.

„Беше тоа добар разговор“, објави Плетенберг.

Клоп претходно зборуваше дека 31-годишниот фудбалер сака да го продолжи договорот, но изгледа дека двете страни не пронашле заеднички јазик.

Фирмино во Ливерпул е од 2015 година кога пристигна од редовите на Хофенхајм. За неговите услуги „црвените“ платија 41 милион евра, а Бразилецот одигра 352 натпревари, постигна 107 голови и подели 78 асистенции. Пред четири години со клубот од „Енфилд“ ја освои Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот