Финска преговара со Русија за вакцината „Спутник В“

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Финската министерка за здравство Криста Киури изјави дека скандинавската земја започнува преговори со Русија за набавка на нејзината вакцина „Спутник В” против Ковид-19, која сè уште не е одобрена за употреба во Европската унија.

„Ќе се свртиме кон Русија за да преговараме. Ова е во согласност со заедничката шема за набавки на Европската унија, бидејќи Унијата сè уште нема договори со производителот. Не можам да кажам како ќе се одвива, но работата е започната во Министерството за надворешни работи”, рече министерката Киуру пред Парламентот.

Две земји-членки на ЕУ, Унгарија и Словачка, веќе го одобрија лекот за итна употреба. Германија се подготвува да започне билатерални разговори со Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот