Финална селекција на дигиталните решенија за Креатон

Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони денари, со максимален износ по апликација од 10 илјади евра во денарска противвредност.

Вкупно 158 од поднесените 546 предлог дигитални решенија на јавниот повик Креатон за справување со последиците од Ковид-19влегуваат во фаза на финална селекција.

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), соопшти дека сега сите апликанти чии иницијативи поминаа претселекција, во следните 48 часа треба да изработат активности и буџет, како и куса видео презентација пред Комисијата за евалуација и избор.

Комисијата, е составена од членови на Швајцарската амбасада, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и ФИТР, а предлозите се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализација, капацитет на проектниот тим и влијание.

Од ФИТР велат дека се очекува решенијата да бидат целосно применливи и во нормални услови, по прекинот на превентивните мерки поврзани со вирусот Ковид-19, како придонес кон забрзана дигитализација на општеството.

Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони денари, со максимален износ по апликација од 10 илјади евра во денарска противвредност.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот