ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ НА НАКИТ СРЕД ДЕН: Влегле наоружани и однеле плен вреден 4 милиони долари! (ВИДЕО)

Филмски грабеж сред ден во понеделникот се случил во Дајмонд дистрикт во Њујорк кога вооружени напаѓачи изнеле од златара накит во вредност од 4 милиони долари.

Тројца вооружени мажи прво влегле во продавницата глумејќи дека се заинтересирани купувачи, а потоа ги врзале четворицата продавачи, ставајќи им леплива лента преку уста.

Од Авиани, продавници познати по огромните парчиња скапоцен накит кои често го носат раперите, разбојниците однеле толкав плен што морале да украдат и торби во кои ќе го сместат, а потоа си заминале.

Меѓу украдените парчиња накит имало часовници, обетки, огрлици и многу други скапоцени работи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот