Филмска копродукција: Научно фантастичен сет во крушевскиот „Македониум“

Заврши снимањето во РСМ на долгометражниот дебитантски игран филм „Празникот на хризантемите“ на младиот украински режисер Симон Мозгави во продукција на „Mainstream Pictures LLC“ од Киев, Украина. Дел од сцените на филмот „Празникот на хризантемите“ на младиот украински режисер Симон Мозгави се снимаа во Спомен костурница – Велес и во „Македониумот“ во Крушево. Македонска копродукција на филмот е „Опиум филм“, претставуван од Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.

По повеќемесечни подготовки и изградба на комплексна сценографија во Велес и во Крушево, снимањето на филмот траеше десет дена. Станува збор за научнофантастична дистописка драма за односите помеѓу млада лекарка и нејзиниот пациент стара „жена-цвеќе“, познатa како исцелител, која мистериозно преживува нуклеарна експлозија, но целосно ја изгубила меморијата и идентитетот. Филмот го следи патот на враќањето на нејзината меморија.

Во филмот, како прв од овој жанр што се снимаше во РСМ, во тешки временски услови и по сите протоколи за заштита за време на пандемија од ковид-19, учествуваа повеќе од дваесетина филмски професионалци од Македонија и над триесет филмски автори и работници од Украина. Филмот ќе се снима во повеќе етапи на локации во Украина, РСМ, Босна, Србија и Хрватска. „Празникот на хризантемите“ е меѓународна копродукција помеѓу Украина, РСМ, Србија и Хрватска. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Украина. Дел од постпродукцијата на филмот ќе се работи во РСМ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 76, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 10-11 април 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот