Филмска бркотница во Лисиче, со пиштол се решавале недоразбирања

Фото: МИА

Бркотница со автомобили и пукање од пиштол се случило вчера во Горно Лисиче, а според полициското соопштение, пристигнале две пријави за инцидентот,

„На 05.10.2022 во 00.15 часот во Полициската станица Аеродром, Г.С.(46) од Скопје пријавил дека на 04.10.2022 околу 23.50 часот на ул.„Лисец”, додека управувал патничко возило „Мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, во кое било уште едно лице, патничко возило „Шкода Октавија” со скопски регистарски ознаки ознаки, во кое било лице кое претходно му се заканувало, удрило во неговото возило и го оштетило“, велат од полицијата.

„Според пријавеното, набргу од другата страна се појавило и возило „фолксваген туарег”, а кога се обидел да избега слушнал истрели од огнено оружје кои, исто така, му го оштетиле возилото. Исто така, на 05.10.2022 во 00.35 часот, Ф.А. пријавил дека на ул.„Лисец”, додека неговиот брат И.Ј. управувал патничко возило „Шкода Октавија” со скопски регистарски ознаки, со огнено оружје било оштетено возилото“, пишува во полицискиот билтен.

Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот