Филмот „Сестри“ учествува на филмскиот фестивал во Софија

Македонскиот долгометражен игран филм „Сестри“ во режија на Дина Дума, со проекција на 14 март во киното „Одеон“ во Софија, учествува на 26. Меѓународен Софија филм фестивал, што се одржува од 10 до 31 март.

На фестивалот филмот е селектиран во програмата „Балканска селекција“, а ќе го претстави Мартин Иванов, сценарист и монтажер на „Сестри“.

Долгометражното деби-остварување на Дина Дума досега беше прикажано на 30-ина филмски фестивали и освои бројни награди. Пред десетина дена режисерката Дина Дума ја доби и наградата за најдобра режија на меѓународниот филмски фестивал „Фест“ во Белград. „Сестри“ беше македонски кандидат и за наградата „Оскар“ за најдобар меѓународен филм.

Фокусот во филмот е ставен на врсничкото насилство што е присутно во дигиталниот простор. Темата е глобална, а во „Сестри“ е направена вивисекција со еден единствен, но драматичен пример. Целта е да се предупредат младите генерации, но и да се поттикне целото општество за посериозен третман на сајбернасилството, кое се појави со брзиот развој на дигиталните технологии. Во главните улоги на филмот „Сестри“ се појавуваат младите Антонија Белазелкоска и Миа Жиро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот