Филипче: За продолжениот викенд без групирање, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време

Венко Филипче / Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Пред нас е продолжен викенд во кој очекувам максимално одговорно однесување на граѓаните, апелира министерот за здравство Венко Филипче.

Влегуваме во исклучително ризична фаза, напиша министерот на фејсбук, во која вирусот е широко распростанет и можноста за заразување е голема.

-Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време. Има многу безбедни начини за убаво поминат викенд почитувајќи ги мерките за заштита. Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје- напиша актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

Пред нас е продолжен викенд во кој очекувам максимално одговорно однесување на граѓаните. Влегуваме во исклучително…

Publiée par Венко Филипче sur Jeudi 22 octobre 2020

Министерството за здравство попладнево информираше дека во последните 24 часа се направени 2634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19. Дванаесет лица се починати во болнички услови.

Дванаесет пациенти починаа, нови 640 заразени со коронавирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот