Филипче најави нормализирање на работата на болниците во земјава

Во однос на тоа кога ќе почне со работа системот „Мој термин”, Филипче вели дека за дел од интервенциите и клиниките веќе кон крајот на следната недела, а за останатите ќе почекаат, за  да видат, како се одвива интензитетот на дијагностицирање на нови пациенти. 

Болниците во земјава почнуваат да ја нормализираат работата, посочи денеска од Штип, министерот за здравство, Венко Филипче.

-Распоредот за враќање во нормала и распоред на пациентите коишто беа одложени заради Ковид кризата е веќе направен и дел од клиниките веќе ја нормализираа својата работа согласно тоа дали даваат лекари и сестри во системот на ротација или не. Знаете дека сега е најголем притисокот на инфектолозите, интернистите, анестезиолозите. Една од главните причини зашто се одложуваа интервенциите беше за да се ослободат анестезиолозите и да може да помогнат и во интензивното лекување во болницата „8 Септември” и на Инфективната клиника, рече Филипче.

Во однос на тоа кога ќе почне со работа системот „Мој термин”, Филипче вели дека за дел од интервенциите и клиниките веќе кон крајот на следната недела, а за останатите ќе почекаат, за  да видат, како се одвива интензитетот на дијагностицирање на нови пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот