Филипче: На Инфективна клиника се лекуваат 54 пациенти, четири од нив се во критична состојба (ВИДЕО)

54 лица во моментов се лекуваат на Инфективната клиника,  4 од нив се во критична состојба, 20 имаат потреба од кислородна маска, на другите лица не им е потребен дополнителна поддршка од кислород, рече Филипче.

Имаме две починати лица од коронавирусот, вчера во текот на денот, односно после полноќ маж на возраст од 45 години од Куманово е префрлен на Инфективната клиника, каде за жал почина, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција за состојбата со коронавиурсот.

Другиот пациент кој почина е на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово, како што се посочува имал дијабетес, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања- соопшти Филипче.

54 лица во моментов се лекуваат на Инфективната клиника, 4 од нив се во критична состојба, а 20 имаат потреба од кислородна маска, додека на другите лица не им е потребна дополнителна поддршка од кислород, рече Филипче.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата.

По градови: Куманово – 23, Скопје – 12, Тетово – 2, Битола – 3, Струга – 2, Штип – 1 и Прилеп – 1.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 176, Дебар – 47, Куманово – 47, Штип – 15, Тетово – 8, Прилеп – 10, Струга – 7, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Крива Паланка – 1, Струмица – 1, Гевгелија – 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот