ФИФА го преместува летниот преоден рок

фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

Светската фудбалска асоцијација потврди дека претстојниот преоден рок ќе претрпи измени, како и дека договорите на фудбалерите кои важат до 30 јуни ќе бидат продолжени.

ФИФА најави дека поради суспензијата на речиси сите фудбалски лиги, очекувано е календарот да претрпи големи измени.

ФИФА ќе биде флексибилна и ќе дозволи да се премести терминот за преодниот рок кој вообичаено трае помеѓу крајот на едната и почетокот на другата сезона. Исто така, ќе се обидеме да координираме и да овозможиме преодниот рок да биде на сила во што повеќе лиги истовремено, но ќе работиме внимателно за да не ја нарушиме регуларноста на натпреварувањето“, пишува во соопштението на ФИФА.

Светската куќа на фудбалот исто така објави дека сите договори на фудбалерите кои истекуваат на 30 јуни ќе бидат продолжени се додека не заврши актуелната сезона.

Играчите кои на крајот од сезоната им завршуваат договорите, и што досега тој термин беше 30 јуни, ќе можат да останат во актуечните екипи и да играат до крајот на актуелната сезона. Со овој предлог сакавме да ги сипочитуваме и двете страни, и на екипите и на фудбалерите, за договорот да се заврши на крајот на една сезона. Истото правило ќе се примени на договорите кои веќе се договорени за новата сезона. Почетокот на важноста на таквите договори се одложува се до стартот на новата сезона“, додава ФИФА во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот