Фетел: Задните гуми беа лоши, далеку сме зад Мерцедес

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел е задоволен од освоеното второ место на Големата награда на Монте Карло.

– Како што приближуваше крајот на трката, навистина беше тешко за мене. Се обидував да направам притисок, но задните гуми беа лоши. Верувал дека Лиус и Макс беа во уште потешка ситуација. Остваривме одличен резултат, но и понатаму сме далеку зад Мерцедес – вели Фетел.

Како и поголемиот број на возачи, така и членот на Ферари во финишот од трката имаше проблеми со гумите. Истакна дека пневматиците биле прилично прегреани и не му дозволија да нападне.

Германецот после шест трки е моментно третопласиран во генералниот пласман со 82 бодови, Ботас има 120, а водечки е Хамилтон (137).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот