Хамилтон најдобар „коцкар“ во Монте Карло.

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Луис Хамилтон по исрпувачка битка од 110 минути во кои дури 64 кругови возеше со ист сет на гуми (медиум) ги издржа сите напади на Макс Верстапен и на крајот триумфира на култната трка за Големата награда на Монако која се вози низ улиците на Монте Карло.

Хамилтон на крајот триумифира со 0.5 секудни пред возачот на Ред Бул, Верстапен, кој поради казната од пет секунди на вкупното време, на крајот заврши како четвртопласиран. Неговата позиција ја зазеде возачот на Ферари, Себастијан Фетел, додека на третото место се пласира вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас.

Верстапен кој имаше шанса во последниот круг дури и да го помине Хамилтон, во 22. круг кога на патеката беше безбедносното возило, заработи казна од стјуардите на трката. Тој е казнет поради влегување во патеката на движење на Ботас во пит стопот по менувањето на гумите.

Покрај најдобрите четворица, бодови освоија уште и Пјер Гасли (Ред Бул), Карлос Саинц (Мекларен), возачите на Торо Росо, Данил Квјат и Александар Албон, Ромен Грожан (Хас) и Даниел Рикиардо (Рено).

Со победата во Монте Карло, Хамилтон го зголеми водството во генералниот пласман, Британецот има 137 бодови, 17 повеќе од клупскиот колега Ботас, додека возачот на Ферари, Себастијан Фетел е четврти со 82 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот