Фото: Screenshot/ffm.mk

Фетаи: Задоволен сум од дебито, играта во Даблин беше тврда и на крајот сме задоволни од ремито

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено без голови (0:0) против Република Ирска во дуел на двете селекции што останаа без мундијалски билет по полуфиналниот бараж за СП 2026.

За разлика од болниот пораз во Копенхаген, овојпат избраниците на Гоце Седлоски делуваа поорганизирано и постабилно во дефанзивата, но натпреварот во целина мина во помирен ритам, без вистинска тензија и динамика.

За националниот тим во делот на одбраната дебитираше играчот на ФК Шкендија, Имран Фетаи:

– Многу сум задоволен, како за прв натпревар мислам дека одиграв добро и се надевам дека ќе продолжам така и во следните репрезентативни мечеви. Знаеме дека Република Ирска е многу цврст противник и ние мораше да играме на таков начин, цврсто, силно и така игравме. Игравме добро како тим, противникот немаше некои шанси, но и ние немавме. Играта беше тврда и на крајот сме задоволни од ремито – рече Фетаи по мечот со Ирците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот