Фернандо Љоренте ќе му биде соиграч на Несторовски!?

Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Удинезе во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Илија Несторовски би можел да добие конкуренција во делот на нападот.

Според италијанските медиуми, досегашниот играч на Наполи и тимски колега на нашиот Елиф Елмас, Фернандо Љоренте би можел наскоро да има нов клуб во кариерата.

35-годишниот шпански напаѓач за „наполитанците“ од 2019 запиша 20 натпревари и три голови. Лани со тимот го освои Купот на Италија.

Во својата кариера настапуваше за врвни клубови како Јувентус, Севиља, Тотенхем, Атлетик Билбао..

Искуството на Љоренте би било добредојдено за составот од Удине кој и сезонава се бори за опстанок во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот