Федерер ќе паузира уште најмалку седум месеци

Рожер Федерер ќе го пропушти „Австралија опен“, прашање е дали ќе настапи на „Вимблдон“/Фото: EPA-EFE/NIC BOTHMA

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер, кој моментно се опоравува од операцијата на коленото, вели дека нема да игра на „Австралија опен“, и дека тешко дека ќе се врати на турнирите пред средината на следната година, пренесува весникот „Л`Мотен“.

Својот последен меч го одигра минатиот јули, оттогаш тој е надвор од теренот поради операција на коленото. Дефинитино ќе го пропушти првиот грен слем следната година во Мелбурн (17-30 јануари).

Се очекува да паузира уште најмалку седум месеци, а главното прашање е дали освојувачот на 20 грен слем титули ќе биде подготвен за својот омилен турнир во Лондон.

– Морам да бидам трпелив, потребно е време за да заздрави коленото. Следните неколку месеци ќе бидат клучни, би бил многу изненаден доколку можам да настапам на „Вимблдон“ – рече 40-годишниот Федерер.

Тој додаде дека би можел да почне со трчање јануари, а тренинзите на тенискиот терен би биле во март или април.

– Животот нема да ми се сруши доколку повеќе не играм во финале на грен слем турнир, но верувам дека ќе се вратам – се зборовите на Швајцарецот.

Кирјос повторно провоцира: Никогаш не би играл дубл со Ѓоковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот