Федерер е тенис, но Ѓоковиќ е најдобар во историјата

Ѓоковиќ и Федерер во своите витрини имаат по 20 грен слем шампионски пехари/ Фото: EPA-EFE/NIC BOTHMA

Поранешниот италијански тенисер, Паолоо Бертолучи им се воодушевува на Новак Ѓоковиќ и на Рафаел Надал.

Бертолучи е поранешен 12. тенисер на АТП ранг листата, а со репрезентацијата на Италија триумфира во Дејвис Куп натпреварувањето.

– Федерер е тенис, сите ние сме Федерер, но Ѓоковиќ од 2015. и од последната година е најдобриот тенисер во историјата. Надал и Новак се во состојба постојано да бидат во ритам и на ментално и на натпреварувачко ниво во кое јас не би изрджал ниту пет минути. Ме интересира како го прават тоа? Им се воодушевувам, но исто така и им завидувам. Сите тројца (Федерер, Надал и Ѓоковиќ) добро ја познаат тениската историја и ја почитуваат. Ќе ги сретнете на вечера, а тие секогаш ќе ви пријдат и ќе ве поздрават, знаат кои сте и ќе поразговараат со вас. Тоа е знак на пристојност, скромност и на образование – вели Бертолучи.

Интересно е што Бертолучи  смета дека за тенисерот да биде успешен, многу важна е емотивната стабилност, односно покрај себе да ја има „вистинската“ жена.

– Во тенисот исто така важно е да ја најдете вистинската жена. Сопругата на Федерер е тенисерка, Ѓоковиќ својата сопруга ја започна во училиште, а Надал својата ја знае уште од дете. Од друга страна го имате Бјорн Борг кој се загуби во еден момент – додава Бертолучи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот