Евролига: Партизан поразен од Барселона, во Белград запишан нов рекорд по број на навивачи

Кошаркарите на Партизан се поразени во Белград од екипата на Барселона со резултат 89:80 (25:21, 19:24, 22:13, 23:22) во натпреварот од 31 коло на Евролигата.
Најефикасен во српската екипа беше Данте Ексум со 24 поени, додека Кевин Пантер додаде 16. Кај Шпанците најдобар беше Николас Лапровитола со 25 поени, Никола Миротиќ додаде 19, а Јан Весели 14.
Според официјалните податоци, на натпреварот во „Штарк“ арената присуствувале 20.041 навивач, што е сезонски рекорд во најквалитетното европско клупско натпреварување. Мечот практично беше решен во третата четвртина која каталонскиот клуб ја доби со резултат 22:13.
Играчите на Партизан моментно се на седмото место на табелата со 17 победи и 14 порази, додека Барселона е трета со скор 21-10. Во следното коло Партизан ќе игра со Реал во петок во Белград, додека Барселона ден претходно ќе ја пречека Алба.
Евролига, 31 коло
Вторник, резултати –
Макаби Тел Авив – Виртус Болоња 111:80
Анадолу Ефес – Олимпиа Милано 89:69
Панатинаикос – Баерн 86:76
Баскониа – Алба Берлин 93:87
Партизан – Барселона 80:89
Табела: Олимпијакос 21-9, Реал Мадрид 21-9, Барселона 21-10, Монако 20-10, Фенербахче 18-12, Макаби Тел Авив 18-13, Партизан 17-14, Баскониа 16-15…