Еврокуп: Вајли втор стрелец во победата над Цедевита Олимпија

Џејкоб Вајли повторно ќе игра во шпанската „Ендеса“/Фото: kfsm.mk

Денеска во рамките од петтото коло во Еврокупот составот на Будуќност со убедлив резултат 91:60 дома ја совлада екипата на Цедевија Олимпија.

За црногорскиот претставник настапи македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли кој беше втор стрелец со 15 поени, шест скокови за скоро 24 минути игра на паркетот.

Поефикасен од него беше само Џастин Кобс со 33 поени (пет асистенции), а кај Словенците доминираше Канаѓанецот Мелвин Еџим реализираше 14 поени.

За Будуќност ова е четврта победа сезонава за моментно второ место на табелата во групата „Б“ (4-1), зад водечката Гран Канарија (4-1).

Во следната рунда на 8 декември Будуќност во Грција на мегдан против Промитеас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот