Михалис Рокас и Африм Гаши / Фото: Собрание на РСМ

Евроамбасадорот Рокас го претстави извештајот на ЕК за Македонија во Собранието, поканети биле координаторите на пратеничките групи

Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, денеска на собранискиот претседател Африм Гаши му го презентира Извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Северна Македонија за 2025 година.

На затворената седница во парламентот, покрај Гаши, присуствуваа и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски и пратеникот од СДСМ, Јован Митрески, пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ и координаторите на пратеничките групи на ЗНАМ и „Вреди“, Бобан Карапејовски и Беким Ќоку.

Од прес-службата на парламентот наведоа дека на средбата, покрај Гаши, биле поканети потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи, генералниот секретар на Собранието и шефот на кабинетот на претседателот на Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот