Еве зошто е најголема грешка да ги тепате децата? Познатиот руски психолог го откри најдобриот метод на казнување

Фото: Инстаграм

Познатиот руски психолог Михаил Лабковски пред неколку месеци објавил нова книга посветена на воспитувањето, а таа набрзо станала голем хит ширум Русија, и тоа со причина – нуди конкретни насоки за одгледување на децата така што да не пораснат во возрасна личност на која ѝ е удобно, туку во психолошки здрава личност која е независна и среќна.

Овој психолог има над 30 години практично искуство, а над 20 години работи и на радио и на телевизија и се смета за еден од најпопуларните психолози на интернет.

Неговите ставови се цврсти и вистинити, а кон Лабковски малкумина се рамнодушен – луѓето или го обожаваат или го презираат. Интересно е тоа што магазинот „Форбс“ го смести во некои од најпознатите психолози на денешницата.

Лабковски во книгата „Сакам и разбирам: Како да одгледате среќни деца (а да не полудите од анксиозност)“, анализира конкретни предизвици кои пред нас ги поставува воспитувањето на детето: што да правите во текот на првата година од животот на бебето, како да го одгледувате до неговата трета година, како да пристапите во раниот развој на детето, како да го подготвите детето за училиште, зошто само една петка во дневник е проблем.

Во едно поглавје овој експерт се осврнува и на навиките на казнување на децата со ќотек, а поглавјето го нарекол: „Метод на суштество: неколку зборови за казната“. Тој истакнува дека денешните возрасни луѓе се т. н. „претепани“ генерации, односно луѓе кои имаат позитивен став кон физичкото казнување затоа што и самите во детството биле подложени на такви казни, не разбирајќи го сиот ужас на оваа „техника“.

„Мене ме тепаа и ништо – станав човек!“ Дали е баш така?

„Ова секако не значи дека треба да се огледате на вашите родители и како пример да го наведувате вашето детство: „Ме тепаа и ништо, станав подобар човек“, пишува Лабковски и објаснува дека родителот кој го тепа детето, е психички неурамнотежена личност која има проблем со бесот и агресијата. Тој истакнува дека родителите мора да го решат тој проблем, а не да го „истураат“ на детето.

Тој потоа објаснува и што се одвива во главата на детето доколку добие ќотек од родителите: „Тоа сфаќа дека светот функционира на следниот начин: силниот може да ги повреди слабите. Детето мисли дека родителите не го сакаат. Дека е лошo. Во што тоа ќе прерасне тогаш? Како ќе комуницира со другите луѓе, со животните? Како, пак, своите деца ќе ги воспитува?“.

Психологот советува дека секогаш треба да разговарате со децата, дека треба да им објасните до ситници каде и кога грешат. Притоа, треба да се трудите критиката да не биде насочена кон личниот квалитет на детето, туку кон неговиот чин – тоа што го направило, пренесува сајтот „Letidor.ru“.

„Идеално би било да се фокусирате на изјавите кои се конципирани така што во нив вие сте главни. Односно, не треба на детето да му кажете: „Ти направи нешто лошо, туку МЕНЕ не ми се допаѓа ваквото однесување“, „МЕНЕ многу ме вознемирува тоа што вака се однесуваш“, илустрирал психологот.

Нема потреба од викање

Исто така, Лабковски советува дека разговорот со детето треба да го правите со нормален тон и да не му викате, па дури и ако нешто лошо направилo – тонот треба да биде нежен, но цврст. Казната не мора да биде дополнета со викање, налутени гестови и бесно лице. Тој акцентирал и какви казни според него се прифатливи.

„Мислам дека сосема прифатливо е да го лишите од играчки, апарати или други материјални работи или од одење на некој забавен настан. Тоа што е целосно погрешно е да го лишите од шетање на свеж воздух или да го ставите во ‘куќен притвор’“, вели тој.

И двајцата родители мора да учествуваат во казната

Познатиот Русин напоменува и дека во семејството е потребна солидарност, односно мајката и таткото не  треба да имаат несогласувања и мора еднакво да ги казнуваат децата. Во спротивно, синот или ќерката ќе сфатат дека со едниот родител сѐ е можно, а со другиот ништо, па лесно ќе дојде до несвесна или свесна манипулација.

Психологот се осврнал и на тоа дека многу родители мислат дека децата ги прават нештата „намерно“ за да се инаетат, односно пркосат.

– Во 99 отсто случаи, нештата што ги прават децата се ненамерни и во нив нема лоша намера – заклучил психологот. Тој истакнува и дека ако едноставно го казните детето без објаснување, детето во 90 отсто случаи од тоа нема да извлече никаков заклучок.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот