Еве каква тетоважа му направи Кортни Кардашијан на своето момче Тревис Баркер

Instagram

Кортни Кардашијан, најстарата сестра на семејството Кардашијан-Џенер во февруари ја потврди својата врска со тапанарот на „Блинк-182“, Тревис Баркер.

Оттогаш, тие поминуваат многу време заедно и со задоволство споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа дека уживаат еден со друг.

Неодамна, големо внимание привлече објавата на Кортни што ја сподели на својот инстаграм-профил.

Имено, таа му истетовирала „Те сакам“ на раката на Тревис. „Јас тетовирам“, напиша Кортни во описот на фотографиите.

„Може да се почувствува енергијата помеѓу вас двајца“, „Слатка“, „Супер“, „Жената е многу талентирана“, беа само дел од коментарите под фотографиите.

Имено, тапанарот веќе го истетовирал нејзиното име на вратот, но сега ѝ дозволил на својата сакана да го покаже својот талент.

Да потсетиме, пред да започнат да се забавуваат, Кортни и Тревис со години живееја во Калабасас, Калифорнија. За нивната врска се пишуваше уште во 2018 година, кога беа фотографирани како заедно излегуваат од еден вегански ресторан во Лос Анџелес, но тогаш тие тврдеа дека се само пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот