Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките за новата сезона

фото: РК Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер 2 денеска ги започна подготовките за сезоната 2023/24. Првиот тренинг го одработи новиот тренер Михаил Петровски, кој ја наследи екипата од Александар Зарков.

Петровски претходно работеше со пионерската екипа и промовиран е за првпат да работи со сениорска екипа. Младиот суперлигаш три години по ред игра во плеј-офот и со таа цел ја започнува и оваа сезона.

Ростерот останува македонски, со неколку талентирани ракометари од регионот. На прозивката не присуствуваа младинските репрезентативци на Македонија, Самоил Ристевски и Ненад Белистојановски.

ИГРАЧКИ КАДАР: Василије Печурица, Стефан Ковачевски, Иван Младенов, Атанасиј Трсунов, Иван Димитровски, Марко Димовски, Богдан Мијушковиќ, Христијан Митревски, Томче Пецаковски, Стефан Талевски (капитен), Мартин Ивановски, Јован Марковски, Стефан Ѓорѓиевски, Архангел Трсунов, Симон Мирчевски, Стефан Трпчевски, Самоил Ристевски, Христијан Ристевски, Петар Маркоски, Дејан Југовски, Ненад Белистојановски, Никола Блажевски.

Дојдоа:
Стефан Трпчевски (Бургас), Петар Маркоски (Струга), Симон Мирчевски (Прилеп – враќање од позајмица), Иван Младенов (Вардар Неготино), Дејан Југовски (Прилеп – враќање од позајмица).

Заминаа:
Никола Стоилевски (Охрид), Мартин Јовановски (Анортозис), Павле Петровиќ и Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер), Мерис Бошњак (Струга), Андре Буторац, Димитри Блажевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот